Фреди Меркјури (англиски: Freddie Mercury); родено име: Фарок Булсара (5 септември 1946 - 24 ноември 1991) — британски музичар и рок-ѕвезда, најмногу познат како водечки вокал и текстописец на рок групата Квин. Како изведувач, беше познат по својата екстравагантна сценска личност и моќни вокали со опсег од над четири октави. Како текстописец, Меркјури компонираше многу хитови за Квин, вклучувајќи ги : „Боемска рапсодија“, „Килер Квин“ , „Самбади ту Лав“ , „Донт Стоп ми Нау“, „Крејзи Литл Тинг Колд Лав“ и „Ви ар д Чемпионс“. Освен неговата работа со Квин, имаше и соло кариера, правејќи хитови како „Барселона“, „Ај вас Борн ту Лав Ју“ и „Ливинг он мај Оун“. Меркјури повремено работеше како продуцент и гостин музичар (пијано или вокали) за други изведувачи. Тој умре од бронхо – пневмонија предизвикана од СИДА на 24 ноември 1991 година, само еден ден откако јавно призна дека е заболен. Меркјури е роден во Занзибар и таму израснал, исто така како тинејџер живеел во Индија, го нарекоа „првата азиска рок ѕвезда во Британија“.Во 2006 година, Тајм Азиа го именуваше како еден од највлијателните азиски херои во изминатите 60 години, а и понатаму добива најмногу гласови за најдобар пејач во историјата на популарната музика. Во 2005 година, на анкета организирана од Блендер и Ем-Ти-Ви 2, Меркјури беше најдобар машки пејач на сите времиња. Во 2009 година, на анкета на Класик Рок, беше најдобар рок пејач на сите времиња. Во 2008 година, уредниците на Ролинг Стоун го рангираа на 18-тото место на нивната листа на 100 најдобри пејачи на сите времиња. Олмјузик го окарактеризира Меркјури како „еден од најдобрите рок забавувачи на сите времиња“, кој поседуваше „еден од најдобрите вокали во целата музика“.
No comments:
Post a Comment